Легендата за лагата и голата вистина
Лагата и вистината се двата краја на она што секојдневно го кажуваме и слушаме од другите. Знаеме да ја кажуваме вистината, но понекогаш и подлажуваме за да избегнеме некој непријатен исход. Некои пак, знаат да излажат до степен од каде нема враќање назад, па самите се заплеткуваат во безизлезни ситуации со лоши последици. Сепак, едно е сигурно, од голата вистина никој нема корист, па затоа и веројатно ретко ја слушаме, а оваа легенда од 19-тиот век дава интересно објаснување зошто е тоа така.
Еден ден се сретнале лагата и вистината.
Лагата ѝ рекла на Вистината: „Денес е многу убав ден!“
Вистината погледнала нагоре кон небото и длабоко воздивнала, забележувајќи дека денот е навистина прекрасен.
Тие поминале доста време заедно и најпосле стигнале до еден бунар.
Лагата ѝ се обратила на Вистината: „Водата е многу убава, ајде да се капеме заедно!“
Вистината со сомнеж ја проверила водата и видела дека навистина е многу фина за капење.
Двете ги соблекле своите алишта и влегле во водата.
Одеднаш, Лагата излетала од водата, ги алиштата на Вистината и побегнала.
Избезумена Вистината истрчала од бунарот, обидувајќи се да ја најде Лагата и да си ги земе назад своите алишта.
Светот, гледајќи ја голата Вистина, испраќал погледи со осуда и бес.
Немајќи што да прави, сиротата Вистина се вратила во бунарот и засекогаш исчезнала, криејќи го таму својот срам.
Оттогаш Лагата патува насекаде облечена како Вистина, за да ги задоволи потребите на сите, бидејќи Светот секако нема ни најмала желба да ја запознае голата Вистина.
Еве кои 6 лаги што никогаш не смеете да си ги кажувате доколку сакате да бидете среќни.