Легендарниот Форд Мустанг низ годините
Уште од неговото појавување во средината на 1964, година Форд Мустанг важи за автомобил кој ги задоволува вкусовите на оние кои бараат неверојатни возачки перформанси, а при тоа сакаат да се покажат како кул, независни личности кои се бунтуваат против трендовите.Форд Мустанг веќе пет декади е меѓу омилените модели на љубителите на брзи автомобили. Славниот бренд поминал низ многу трансформации, кои можат да се поделат во пет генерации. Првата генерација од 1964 година била вистински хит, а кога дизајнерската куќа Шелби Американ замешала прсти во неговиот изглед, Форд едвај успевал да ја задоволи побарувачката.Втората генерација започнала со производство во 1974 година. Новите модели биле значително помали и полесни од оние од крајот на шеесеттите.Следната генерација од осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години претрпела промени во предниот дел, каде што Мустангот добил триаголна форма, а му биле ставени четири предни фарови. Неколку години подоцна тоа се променило со заоблениот облик на предниот дел.Почетокот на четвртата генерација бил одбележан во 1994 година со драстичните промени во изгледот, односно со додавањето на поостри линии и набори во дизајнот.Од 2005 година па се до денес се произведуваат моделите од петтата генерација на Форд Мустанг. Тој денеска е поголем, потежок, со многу повеќе коњски сили.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.