Легендарни цитати по кои ќе ја паметиме актерката, писателката и феминистката Кери Фишер

Легендарни цитати по кои ќе ја паметиме актерката, писателката и феминистката Кери Фишер

И покрај тоа што Кери Фишер најмногу се поврзува со нејзината улога како принцезата Леа во франшизата „Војна на ѕвездите“, таа беше многу повеќе од само еден карактер. Покрај своите улоги во големите филмови како „Хана и нејзините сестри“ и „Кога Хари ја запозна Сали“, таа исто така беше и писателка на автобиографски романи, како и на книги во кои ја открива својата зависност од кокаин и медикаменти, битките со биполарното растројство и животот со славни родители – Деби Рејнолдс и Еди Фишер.

(2) Легендарни цитати по кои ќе ја паметиме актерката, писателката и феминистката Кери Фишер

Кери Фишер никогаш не се извинуваше, цврсто стоеше на својот став и во свет каде што луѓето премногу често ги кријат своите вистински мисли и намери со цел да задржат некој баланс, таа секогаш го кажуваше тоа што го мислеше. Фишер беше жена што не се грижеше за ништо и токму затоа беше сакана, обожувана и ценета.

Во продолжение следат 22-те најмоќни цитати од оваа неверојатна жена што никогаш нема да ги заборавиме.

„Отсекогаш сум пишувала. Пишував уште кога имав 12 години. Тоа ми влијаеше многу терапевтски за време на тие денови. Јас пишував нешта за да ги извлечам чувствата од нив, и да ги пренесам на хартија. Така пишувањето ме спаси, правејќи ми друштво. Поминав низ традиционалниот начин на заљубување во зборовите, читање книги и потцртување на поимите што не ги знаев.“

„Огорченоста е како пиење отров и чекање другата личност да умре.“

„Јас сум ментално болна. Можам да го кажам тоа. Не се срамам од тоа. Ист така и го преживеав тоа, сè уште го преживувам, но ако. Подобро јас отколку ти.“

„Јас сум многу свесна за тоа колку сум луда.“

„Понекогаш имам хаос во мојата глава и чувствувам големо задоволство во претворањето на овој хаос во зборови. Точно, тоа не е нешто за што сте одговорни, но со пишувањето, со трансформацијата во зборови, можете да доживеете моќно искуство.“

„Не сакам мојот живот да имитира уметност, сакам мојот живот да биде уметност.“

„Понекогаш единствениот начин да го најдете рајот е доколку бавно се повлечете од пеколот.“

„Никогаш не се сменив. Само научив како да се прифатам себеси. Да се биде среќен не значи и да се добие тоа што се сака, туку да се сака тоа што се има.“

„Многу е тешко да се оди на љубовен состанок ако сте ѕвезда од Војна на Ѕвездите, бидејќи не би сакале да им дадете шанса на луѓето да кажат: ‘Имав секс со принцезата Леа’.“

(1) Легендарни цитати по кои ќе ја паметиме актерката, писателката и феминистката Кери Фишер

„Биполарното растројство може да биде одличен професор. Тоа е предизвик, но може да ве научи да се соочите со сè останато во животот.“

„Постојат две нешта за кои знам дека одредени мажи се добри – туркање лулашка и убивање инсекти.“

„Не постои момент кога ќе можете да кажете: ‘Па, сега сум успешен. Можеби и би можел да дремнам’.“

„Продолжете да се плашите, но сепак сторете го тоа. Важно е делото. Не мора да чекате да бидете самоуверени. Само сторете го тоа и со тек на време ќе дојде и самодовербата.“

„Тоа што сега сакам да им го кажувам на младите луѓе е: Обрнете внимание. Ова нема да се случи повторно. Затоа и не се обидувајте да го сфатите како што се случува, оставете го некое време да се случува и потоа разберете го.“

„Не постои простор за демони кога сте опседнати од себеси.“

„Престанете да дебатирате дали сум остарела добро или не. Младоста и убавината не се постигнувања, тие се моментални среќни несакани последици од времето и/или вашата ДНК.“

„Со стареењето доаѓаат и животните искуства, па во секој поглед што е својствен со тоа да се биде човек, Леа се променила.“

„Им велам на моите помлади пријатели дека без разлика како ќе умрам, сакам да биде изјавено дека сум се удавила во месечевата светлина, згушена од сопствениот градник.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар