Леденото момче: Ова дете изодува по 5 километри во смрзнувачки услови за да стигне на училиште
Пред некое време, 8-годишно момче од Кина изодело околу 5 километри за да стигне до неговото основно училиште во градот Ксинџи во областа Јунан за да прави тест. Температурите надвор изнесувале -9 степени Целзиусови! Откако неговата приказна стана популарна на Интернет, многу луѓе го контактирале училиштето за да придонесат некако и да ги подобрат условите во кои учат момчето и другите ученици.
Директорот на основното училиште, Фу Хенг, не можел да им поверува на своите очи! Кога момчето пристигнало, тоа имало мразулци наместо коса и веѓи, а образите му биле огнено црвени. Хенг го фотографирал ученикот и така започнала оваа неверојатна приказна. Интернетот го нарекол „Леденото момче“ и наскоро училиштето добило повеќе од 15.000 долари во донации, 20 уреди за греење и 144 комплети топла облека.
„Тоа се случи дента кога учениците почнаа да ги полагаат последните тестови. Температурите се спуштија под нулата и достигнаа -9 степени Целзиусови за 30 минути тоа утро“, изјавил директорот.
Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…