Ламборгини Авентадор Џеј – досега невидено уметничко дело од автомобил
Автор: Петар Тодоровски
Возењето на овој двосед го нарекуваат крајно неописливо искуство на моќ и динамика, а и не може поинаку да се нарече авантурата додека возите со повеќе од 300 километри на час, а воздухот го сечете со вашето тело.Ламборгини Авентадор Џеј е досега невидено уметничко дело од автомобил создаден на многу оригинален начин – со едноставно отстранување на покривот и ветробранското стакло на Ламборгини „Авентадор ЛП700-4“.И оваа верзија на Авентадор го користи истиот В12 мотор со 700 коњски сили кој лесно забрзува до 300 километри на час, а поради екстремните услови создадени од отстранувањето на ветробранското стакло неопходно е возачот да носи кацига за време на возењето. За внатрешниот дел се употребени посебни карбонски влакна, првпат произведени за потребите на овој модел, а ги има и во неколку други делови кои автомобилот го прават полесен. На крај, со цел искуството да го направат уникатно, производителите ги отстраниле и клима уредот и системот за навигација.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.