Лаги кои секој родител барем еднаш му ги кажува на своето дете
Децата се најслатките суштества на планетава. Освен кога плачат, кога нешто не е по нивно или кога едноставно така се чувствуваат. Па затоа нормално, одвреме-навреме родителите мора по малку да лажат.
1. „Ќе размислам.“
„Ќе добиеш потврден одговор кога врбата ќе роди грозје.“
2. „Ќе дојдам за една минута.“
„Или за 15. Или кога ќе дојдеш следниот пат да ме повикаш повторно. Така сѐ додека не се откажеш.“
3. „Ако ми ја кажеш вистината, нема да те карам.“
„Секако дека ќе те карам. Што си мислеше?“
4. „Ако не ти се допаѓа моето готвење ќе си легнеш гладен/на.“
„Освен ако не си толку кенкав/а што нема да можам да те трпам, па ќе морам да ти удоволам.“
5. „Ако не престанеш да плачеш, ќе ти дадам причина, па после плачи слободно.“
„Како поинаку да те натерам да престанеш да плачеш?“
6. „Бројам до 3.“
„И потоа немам начин како да те заплашам.“
7. „Не, на таа играчка не може да ѝ се сменат батериите.“
„Не можам да го слушам тој напорен звук веќе.“
8. „Друг пат ќе ти го купам тоа. Еве за роденден таман.“
„Или за следниот. Или за тој по него. Или ќе чекам да пораснеш и да заборавиш дека ова некогаш си го побарал/а.“
9. „Ќе се однесувам со тебе како со возрасен/на кога ќе почнеш така и да се однесуваш.“
„Ќе речам што било, само за да го промениш однесувањето во моментов.“
10. „Ако не ја исчистиш собата, ќе исфрлам сѐ што е внатре.“
„Како да имам илјадници денари за повторно да ти ги купувам истиве работи.“
11. „Последен пат те прашувам.“
„Биди сигурен/на.“
12. „Не зедов пари со мене.“
„Би ти ги купила бонбоните, ама не го зедов паричникот.“
13. „Ако не дојдеш истава секунда те оставам овде.“
„Искрено сакам да те оставам, ама за жал не е легално. За среќа ти не знаеш. Мислам.“
14. „Не остана од тортата. Жалам, нема десерт.“
„Поточно ќе снема торта 15 минути откако ти ќе си легнеш.“
15. „Не мило, сѐ е затворено после 8.“
„Всушност не ми се мрда никаде сега.“
16. „Легни си. И ние сега ќе си легнеме“
„Откако ќе го изгледаме филмов.“
17. „Одамна завршија цртаните филмови.“
„Тие звуци веќе не се трпеа.“