Квиз: Дали се облекувате соодветно на годините?

Квиз: Дали се облекувате соодветно на годините?

Сите знаеме дека облекувањето во склад со годините не е секогаш забавно. Постојат правила кои нѐ ограничуваат, како забранетото мини здолништа после 35-тата година или фармерките со низок струк после 30-тата. Но, ако вашето тело изгледа како вајано зошто да не? Решете го тестот и откријте дали се облекувате соодветно на вашата возраст.

kviz-dali-se-oblekuvate-soodvetno-na-godinite-kafepauza.mk

1. Должината на вашето здолниште најмногу се совпаѓа со:

А) Покажување на нозете во 20-тите, должина до колено или подолу во 40-тите.
Б) Ја следите модата и како што е на модната писта, така е и кај вас.
В) Колку пократко, толку поубаво.

2. Чизмите до над колена се:

А) Кул за вечерни излегувања во 20-тите, шик со фармерки во 30-тите и заборавени во плакарот во 40-тите.
Б) Ако ги прави некој познат бренд, тогаш секогаш се дозволени.
В) Задолжителни во колекцијата на чизми.

3. Комбинезонот е:

А) Демоде во 20-тите, но се пробива низ трендовите со текот на времето.
Б) Без структура и невкусно оваа сезона.
В) Не постои во мојот речник.

4. Вашиот плакар најдобро би бил опишан:

А) Односот на бои и неутрални нијанси после факултет е 60/40, а 30/70 до 40-тата година.
Б) Графички принтови и бои кои се апсолутен тренд оваа сезона.
В) Виножито.

5. Кроп топовите и шорцевите се:

А) Во ред до 35-тата година, а потоа никако.
Б) Одлични за пролет, особено ако имаат кожни акценти во горниот дел и надолу се широки.
В) Нешто што мора да се има во пролет.

6. Трендот за проѕирни здолништа од црвениот тепих прави да:

А) Посегнете по хулахопки, без разлика на возраста.
Б) Станете роб на проѕирните фустани и здолништа во боемско-цветна варијанта.
В) Погледнете во вашата колекција со голема гордост.

7. Вашата реакција на тоа дека патиките се дел од модерните обувки:

А) Соодветниот пар може да изгледа убаво без разлика на возраста.
Б) Ако ги прави мојот омилен бренд за чевли, ме убедивте.
В) Патиките до над глужд мора да се имаат за време на викендот.

8. Кој е вашиот став во однос на бисерите?

А) Повеќе редови бисери изгледаат кул и свежо, но еден ред е нешто што секогаш ќе се носи.
Б) Бисерните дискретни обетки се нешто што мора да го имам.
В) Тоа е нешто што само баба ми би го носела.

9. Колку често го чистите плакарот?

А) Секогаш на неколку години кога ја отстранувам облеката во која се чувствувам како помлада верзија од себеси за да направам место за пософистицирани парчиња.
Б) Секоја сезона, нормално.
В) Никогаш, она што го носам засекогаш ќе го сакам.

10. Стилска икона која се облекува соодветно на годините за вас е:

А) Џулиен Мур, нејзиниот стил еволуирал до перфекција.
Б) Гвинет Палтроу, секогаш ги носи најжешките трендови.
В) Бестрашната Наоми Кемпбел, секогаш изгледа моќно.

Резултати:

Најмногу под А: Вие сте секогаш облечени соодветно

Вашиот пристап кон облекувањето е многу внимателен. Вие секогаш изгледате кул до границите на нормалата, но во добро склопени комбинации.

Најмногу Б: Вие сте роб на модата

„Во име на модата“ е вашата филозофија и се трудете да останете модерни без разлика на возраста.

Најмногу В: Годините не се ништо повеќе од бројка за вас

Вие би носеле сѐ што е модерно без разлика во која декада од животот сте. Сепак, модата е наменета за да биде забавна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар