Куса поучна приказна за децата и за нивните родители

Куса поучна приказна за децата и за нивните родители

Едно јато штркови, како и секоја година, летало на југ. Во едно семејство од јатото, едно мало штркче немало доволно сила да го издржи целиот пат.

Куса поучна приказна за децата и за нивните родители

Татко му го зел на својот грб и продолжил да лета. Некаде над океанот, таткото го прашал својот син:

– Сине, кога ќе остарам, ќе ме носиш ли и ти на твојот грб како што јас те носам сега?

– Да тато, ќе те носам.

Таткото наеднаш ги зафрлил крилјата навалувајќи се на едната страна и исфрлајќи го синот од својот грб со цел самиот да лета.

Следната година се повторила истата приказна – младиот штрк немал сила за да го прелета целиот пат, па татко му го зел на својот грб. Над океанот, таткото штрк повторно го прашал сина си дали ќе си ги сменат улогите кога тој ќе остари.

– Секако тато, ќе те носам јас кога ти ќе бидеш стар – одговорил синот.

Татко му повторно го исфрлил од својот грб за да лета сам.

Третата година штрковите повторно патувале на југ, кога таткото штрк носејќи го својот син на грбот уште еднаш го прашал:

– Сине, кога ќе остарам, ќе ме носиш ли ти мене на грбот како што те носам јас тебе сега?

– Нема тато.

– Зошто?

– Затоа што тогаш јас ќе го носам моето дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар