Кучето кое стопи милиони срца ширум светот
Запознајте ја Туна, мешавина од чивава и јазовичар, која стопи милиони срца ширум светот. Првите сопственици на Туна ја напуштиле и ја оставиле на улица во Сан Диего, Калифорнија.Ова необично кученце има нарушена функција на горната вилица, која најверојатно е резултат на несоодветно парење. Но, Туна, која некогаш беше нарекувана најгрдото куче на светот, докажа дека карактерот е поважен од изгледот и денес има над 500.000 следачи на Инстаграм. Туна била пронајдена на улицата од страна на спасителка на животни, кој првин ја нарекла Ворми. Потоа таа го огласила кученцето за некој да го усвои во својот дом. Тогаш Ворми се запознала со Кортни Дашер, која веднаш се заљубила во кучето од расата чивини, го удомила и му пружила соодветна нега. Таа му го сменила името во господин Бурнс, бидејќи премногу личи на карактерот од ТВ серијата Симпсонови. Потоа го нарекла Туни, бидејќи ја потсетувал на карактерите од цртаните „Looney Tunes“, а на крај решила да му го даде името Туна. Откако објавила неколку фотографии од милото куче на Инстаграм, Туна започна полека да го освојува светот со своето уникатно лице. Денес, тоа има „своја“ линија на човечки и кучешки маици, шолји, навлаки за мобилни телефони, таблети и други производи. Ја забележувате сличноста? 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
damn this is too fugly dogg
Мене ми е преслатко…. душичка 😀
Phteven!