Куче со прекумерна телесна тежина ослабело 20 килограми откако престанало да јаде брза храна
Откако Денис престанал да јаде пици и бургери и почнал да оди на долги прошетки со својот нов сопственик, тој изгубил 75% од својата тежина. Кога Брук го посвоила Денис од нејзиниот чичко, тој тежел неверојатни 25 килограми бидејќи претходниот сопственик го хранел со брза храна.
Ветеринарот со кој се консултирала Брук ѝ кажал дека овој јазовичар може да почине во рок од еден месец поради својата тежина, дехидрација и инфекција на кожата, па токму затоа таа веднаш ја сменила неговата диета и започнала да го носи на чести прошетки. Во почетокот Денис бил многу депресивен, но сега 6-годишното куче кое има само 5 килограми е среќно и весело додека трча во природата, бркајќи верверици.
Денис изгубил толку многу тежина што се сопнувал на вишокот кожа, па морал да помине низ 3 операции со цел хирурзи да ја отстранат оваа кожа. Брук собрала околу 2.800 долари од донации за операциите со цел да му помогне на ова слатко кутре и сега се обидува да му покаже на светот што се случува со кучињата кои не се исхрануваат правилно и не вежбаат доволно. Тие страдаат од истите проблеми како и човек во ваква ситуација, само многу поинтензивно.
„Ние имаме една изрека: Храната не е љубов“, рекол хирургот кој го оперирал Денис. „Повеќето од кучињата, сè што сакаат од вас, е љубов и внимание.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.