Крф – дестинација за летен одмор
Магичниот островот Крф се наоѓа во Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи. Островот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно. Стариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор. Многу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани. Покрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села. Најпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини. Крф е вистински рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили, туристички агенции и бесконечен избор на хотели, соби за изнајмување, станови, студија и вили кои ќе ги задоволат вкусовите на посетителите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
destinacija koja mora da se poseti posebno od mladite bidejki nokniot zivot e predobar