Креативни пораки испишани на градските ѕидови

Креативни пораки испишани на градските ѕидови

Во каква форма и да се, графитите го привлекуваат нашето внимание. Тие речиси секогаш ги отсликуваат актуелните состојби во едно општество, па затоа често знаат да бидат вулгарни, но и доста смешни и креативни. Прочитајте неколку од најинтересните…

Креативни и смешни графити

„Не ми пречи тоа што сонувам на англиски, ми пречат германските титлови.“

„Мажите се како енциклопедија: дебели, досадни и мислат дека сè знаат.“

„Некој ни ставил дрога во хероинот!“

„Вчера долетав од Лондон. Уште чувствувам болка во рацете.“

„Никогаш нема да те заборавам, само ти оди!“

„Ако ми позајмиш 100 евра, ќе ти бидам должник цел живот.“

„Да ти се плукнам во државата во која крвниот притисок ти е повисок од пензијата.“

Креативни и смешни графити

„Не сакам мастики. Го сакам проклетиот кусур!“

„Врвот на глупоста е кога сопствениот татко те убедува дека си настанал од мајмун.“

„Не е важно да си прв, важно е да стигнеш пред сите останати.“

„Морето сигурно го измислила жена. Пресолено е.“

„Кога те нема во близина, не му се сите овци на број.“

„Ја сакам Елена. Жими Ивана.“

„Заради тоа што паметниот попушта, будалите владеат со светот.“

Креативни и смешни графити

„Ако учиме од грешките, тогаш јас ќе станам доктор на науки.“

„Девојките се убави оддалеку, но далеку се од убави.“

„Смеј се и светот ќе се смее со тебе – ‘рчи и ќе спиеш сам.“

„Никогаш не го оставај за утре она што можеш скроз да го баталиш.“

„Среќата не може да ви купи пари.“

„Патот кон успехот е обично сè уште во изградба.“

„99% од девојките во земјата се убави, останатите учат на мојот факултет.“

„Мажите се како одмор. Се чини дека не траат доволно долго.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Никогаш не го оставај за утре она што можеш скроз да го баталиш. Pure wisdom.

Остави коментар