Креативни начини за повторна употреба на старите предмети
Автор: Софија Сионова
Во домовите често имаме работи кои не ги употребуваме и само напразно така стојат и чекаат да видат малку светлина од денот. Добар начин за нивна повторна употреба, како и за олеснување на работата на мајката природа е рециклажата, при што старите предмети ќе добијат нова намена и ќе станат повторно корисни. Еве 23 одлични идеи.
1. Аквариум од стар телевизор
Се прашувате што да направите со стариот телевизор кој собира прашина низ куќата? Еве одличен начин за негова повторна употреба. Дури и ако немате телевизор, можете да купите стар за многу малку пари, а да уживате во глетката на вашите рипчиња засекогаш и без реклами.
2. Закачалка од стар клуч
Ако стариот клуч е веќе неупотреблив или не ви е потребен, зошто да ја мачите планетата Земја со векови да го разградува? Многу лесно и брзо може оваа алатка да биде претворена во уникатна закачалка.
3. Од обичен стол до авангардна полица
Како да ја смените перцепцијата за секојдневната столицата? Сѐ што треба да направите е да ги закачите столиците на ѕидот за да ги видите и другите намени кои ги имааат, секако освен седењето.
4. Трансформација на куферот полн со спомени во романтично столче
Ако стариот куфер ви носи носталгија и тажни сеќавања тогаш претворете ја тагата во нешто убаво, како романтично столче каде можете да читате љубовни приказни или само да уживате во комоцијата која ја нуди.
5. Книга или плик чантичка?
Имате премногу книги во вашата библиотека кои само така стојат и зафаќаат место, а смачено ви е од старите чанти? Решен проблем. Старата книга само во неколку лесни чекори може да стане нова модерна плик чантичка. Фирмите како ASOS и Kate Spade веќе ги направија нивните преслатки модели.
6. Старите непотребни гранки можат да ви го осветлуваат домот
Паднатите гранки во дворот знаат да направат голем хаос и ѓубре, но можат да бидат искористени и за еколошки лустер.
7. Ламба од касети
Ако сѐ уште не можете да се помирите дека времето на касетите помина и сакате да ги зачувате вашите омилени касети одлична идеја е да ги претворите во ламба. Ламбата може да ја користите секој ден па така долго, долго ќе се сеќавате на времето од 90-тите кога касетите беа најмодерни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.