Креативни начини за да ја искористите старата бижутерија
Дали ви се насобрало многу бижутерија која повеќе не ја носите или пак не знаете како да ја искомбинирате, па сакате да ја фрлите? Да го сторите тоа е многу лесно, но дали сте помислиле дека може да ја претворите во нешто друго? Ви претставуваме 10 креативни начини на кои може да ја трансформирате вашата бижутерија во прекрасни креации.
1. „Скапоцени“ чевли
Овие чевли се одлични за секоја пригода. Сè што ви е потребно е пар стари обетки со кои ќе им дадете сјај на старите чевли.
2. Гламурозна рамка
Прекрасна идеја која вашата рамка ќе ја претвори во гламурозен детаљ во вашиот дом. Но исто така одлична е и за подарок.
3. Бисерен лустер
Имате премногу бисери кои никогаш не ги носите. Закачете ги на лустерот за подраматичен изглед. Тие не мора да бидат вистински, тоа никој нема да го знае.
4. Луксузна лента за подароци
Направете подарокот однадвор да изгледа луксузно. Додадете обетка или брош во центарот на машната. Ќе измамите многу насмевки и воздишки.
5. Бисерен ефект во цвеќињата
Доколку имате шноли за коса кои на нив имаат камења, тогаш искористете ги за домашните цвеќиња. Ставете неколку во саксијата и тие ќе изгледаат како цветови.
6. Луксузни рачки на вратата
Големите брошови се одлични за рачките од орманите. Им дават женствен детаљ и ги претвораат во најмодерен мебел.
7. Блескав детаљ на свеќите
Декорирајте ги свеќите со додавање на брош или обетка. Може да направите различни декорации и да ја разиграте атмосферата во домот.
8. Луксузен свадбен букет
Направете свадбен букет кој ќе трае цел живот. Комбинирајте цветни брошови и обетки, ставете приврзоци и создадете сопствен цветен аранжман поразличен од другите.
9. Гламурозна маска за телефон
Ви здосади старата маска за телефон и сакате нешто уникатно и поразлично од другите. Сè што ви треба е голем брош и лепак. Декорирајте по сопствена желба.
10. Луксузен бележник за книги
Прекрасен начин да ја обележите страната. Ставете приврзоци на шарени ленти кои ќе засветкаат во вашата домашна библиотека.