Креативни начини да ги завиткате новогодишните подароци
Она што го прави секој поклон посебен, не е само вниманието со кое тој е одбран, туку и начинот на кој е спакуван. Без оглед на тоа колку е скромен поклонот, со шармантното пакување во кое треба да вложите малку време и внимание, вашиот подарок може да изгледа најубаво под елката.
Ви предложуваме 8 креативни идеи како да ги завиткате новогодишните подароци за вашите најблиски. Интересно е тоа што за ова не ви се потребни скапи материјали или особена вештина. Погледнете го видеото и пробајте.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.