Претходно
Креативни начини да го „поправите“ скршениот екран на вашиот смартфон
Датум: 10 јун 2016
Коментари: 0
Можеби смартфоните целосно го сменија светот, но тие воопшто не се без маани. Исто како и луѓето, така и тие имаат слаби точки од кои најголемата е нивниот екран. Сите кои успеале да го испуштат својот мобилен од раце на земја (или да седнат врз него, да паднат врз него, да му дозволат на детето да си игра со него…) многу добро знаат колку лошо изгледаат скршените екрани. Па, доколку и вашиот смартфон го дочекала истата судбина, не очајувајте и погледнете ги следниве идеи кои ќе ви помогнат да го „оживеете“ одново и да не се нервирате секој пат кога ќе погледнете во него.