Креативни и забавни начини да сервирате овошје
Љубителите на овошјето и оние кои сакаат да се занимаваат со декорации со храна, сигурно ќе уживаат во овие неколку идеи. Ќе ви помогнат да ја направите трпезата позабавна кога ќе чекате гости, а истовремено ова е и добра тактика да ги натерате децата да јадат овошје.
За да ги реализирате овие идеи не ви требаат многу вештини, само желба и малку трпение. Употребете ја дињата како сад за други овошки, извадете интересни форми со калапи за колачи, наредете ситни плодови на стапчиња, вметнете парче од едно овошје во друго, искреирајте лик од цртаните или направете овошна Рубикова коцка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.