Креативна девојка се трансформира во принцезите од Дизни
Креативната шминкерка Таманг Фан обожава да експериментира со својот изглед, користејќи различна шминка, фризури и костими. Овој пат, таа се трансформирала во дел од најпознатите ликови од омилените анимирани филмови на Дизни. Таманг со задоволство објаснува за сите трансформации на нејзиниот канал на Јутјуб и вели дека секоја девојка може да се шминка како што се шминка таа.
Доколку ви се допаднаа креативните проекти на Таманг и сакате да го следите нејзиниот пример тогаш можете слободно да ги погледнете видео туторијалите во кои таа детално го објаснува создавањето на избраниот изглед, чекор по чекор. А сега, погледнете дел од нејзините најинтересни трансформации.