Креативна девојка го преуредила старото комбе за да патува низ светот со нејзиното куче
Марина не се води според никаков план и решена е да патува колку може подолго со комбето или со други превозни средства.
Досега нејзиното омилено место е езерото во областа Жонрут-лонжеми во Франција.
„Тоа е едно прекрасно езеро опкружено со дабови дрвја. Многу е тивко и нема воопшто туристи. Местото е совршено доколку сакате да се одморите неколку дена“, открила Марина.
Марина исто така уживала и во посетата на Брајтон во Велика Британија и на Вале д’Аоста во Италија. Особено ѝ се допаднале прекрасните пејзажи и пределите совршени за планинарење.
Таа би сакала да помине по 2-3 недели во секое ново место што ќе го посети. Планира да ги посети Шпанија и Португалија во текот на оваа година.
„Целта не ми е да видам што е можно повеќе земји, туку навистина да се запознам со местата на кои одам. Оди исто така ужива во патувањето. Многу е разгален и обожава да шета на чист воздух секој ден“, изјавила Марина.
Но, идејата на Марина не е само да го прошета светот. Нејзината мисија е многу поголема и поамбициозна.
„Главната цел на мојот блог Pamthevan и профилот на Инстаграм е да ги охрабрам жените, а не само да се фалам со мојот интересен живот. Верувам дека секој начин на живот е интересен ако го правите тоа што го сакате без разлика дали станува збор за патување, одржување на домот и семејството или водење бизнис. Го направив блогот за да им покажам на жените дека можат да преуредат комбе ако сакаат, дури и ако се сами, без маж и немаат поим како се прави тоа. Многу жени ми рекле ’Би сакала да го направам тоа, но не знам од каде да почнам’ или ’Сакам, ама немам доволно храброст да ги остварам соништата’. Епа, сега сите изговори им паѓаат во вода!“, убедено изјавила Марина.
Мора да признаеме дека оваа идеја е навистина одлична. Кој не би посакал да тргне на пат околу светот со својот најдобар пријател?! Марина е вистински доказ дека можете да ги следите вашите соништа, само треба да посакате…