Креативен татко го претвора капењето во забавна игра со ликови
Некогаш родителите се подготвени на сè за да ги натераат своите деца да јадат, да одат во кревет или да се капат. Овој татко е можеби најкреативниот родител кој смислил забавен начин за неговото дете да ужива во капењето и да го сака одржувањето на лична хигиена. Од Аватар до куклата Били, овој татко го претвора капењето во забавна игра со ликови и служи како пример за сите „новопечени“ родители.
Овие слики се најдени на јапонската социјална мрежа Douban, а споделени се од корисникот Chihiro. Едно е сигурно, ова слатко детенце ќе има куп незаборавни спомени со својот откачен татко.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.