Краток тест: Дознајте колку е старо вашето срце
Стареењето е дел од природниот процес и тоа може лесно да се забележи на лицето и телото, во облик на бори и седи влакна. Но, стареењето почнува да се манифестира многу порано во внатрешноста на нашиот организам, без воопшто да забележиме. Имено, истражувањето спроведено од американскиот центар за контрола и превенција на болести покажало дека многу луѓе имаат и до 5 години постаро тело од остатокот од телото. Таканаречениот синдром старо срце се однесува на неговото здравје и работа што може да биде показател за идни можни болести.
Овој податок би требало да ве поттикне да размислувате за здравјето на најважниот мускул во своето тело. Па, доколку сакате да дознаете колку е старо вашето срце, а со тоа и колку е здраво, направете го овој едноставен краток тест. Имајте на ум дека треба да имате минимум 30 години за да можете да го направите ова испитување. Исто така, овој тест не е доволен за да си поставите сами дијагноза, доколку сметате дека има потреба консултирајте се со вашиот доктор.
Во калкулаторот треба да ги внесете вашите години, крвниот притисок, индексот на телесната маса, како и податоците за дали сте дијабетичар и/или пушач и дали некогаш сте биле на терапија. Резултатите ќе ви ја откријат состојбата на вашето срце, како и процентот за развивање одредени срцеви болести во следните 10 години.