Краток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“ (Black Mirror)
Можеби не сте чуле за писателот Фредрик Браун, но најверојатно сте прочитале нешто од него. Сигурно сте ги прочитале барем делата на Даглас Адамс и Стивен Кинг кои тврдат дека Браун извршил најголемо влијание на нивниот стил на пишување. Можеби сте виделе делови од работата на Браун во филмовите на Гилермо дел Торо или сте го чуле Стивен Хокинг како го цитира овој помалку познат писател.
Фредрик Браун има оставено голем белег на фантазијата, научната фантастика, па дури и на самата наука, но многу е тешко да се дојде до неговите книги и раскази. Тој почнал да пишува во 30-тите и поголемиот дел од неговите стотици раскази биле објавени во списанија за научна фантастика. Освен тоа, неговите раскази биле навистина многу кратки. Тие зафаќале помалку од една страна. Браун бил експерт за кратки раскази, уште пред да станат популарни кратките форми на пишување, како што е „микро-расказ“.
Брилијантните бизарни кратки приказни на Браун ги поставиле темелите за ТВ сериите од типот на „Зона на самракот“ (The Twilight Zone) и „Црно огледало“ (Black Mirror). Фредрик Браун пишувал неверојатни научно фантастични раскази со необични пресврти уште пред да станеме опседнати со технологијата и со тоа дали некој ги прислушува нашите разговори или нѐ набљудува преку камерата на лаптопот.
Како за почеток, прочитајте ја неговата најкратка научно фантастична приказна, напишана во 1948 година. Верувале или не, таа е само 2 реченици долга.
Браун го проширил овој драматичен крај на неколку страници и го напишал краткиот расказ „Чук“ (Knock), каде што се открива дека личноста која чукнала на вратата била последната жена на Земјата.
Уште пострашна е неговата кратка приказна „Одговор“ (Answer) која иако била напишана во 1954 година, многу лесно би можела да се вклопи во следната сезона на ТВ серијата „Црно огледало“. Таа започнува вака:
Како што можете да забележите, Дван Ев привршува некаков суперкомпјутер од галактички размери. Станува збор за единствена мрежа на вештачка интелигенција која ќе ја поврзе целата цивилизација преку притискање на едно единствено копче.
Тоа е тоа. Тоа е целиот расказ! На помалку од една страница, Браун може да го исплаши човечкото срце и да го натера да се посомнева во технологијата. И покрај незамисливиот напредок што го имаме постигнато во науката и вештачката интелигенција, делата на Браун сѐ уште можат да ни предизвикаат анксиозност и да ни го преплават умот со прашања од типот: „Дали отидовме предалеку?“, „Што ако го поставиме погрешното прашање?“, „Што ако овие интересни уреди придонесат за падот на човештвото?“.
Нареден пат кога ќе посакате да си пружите кратко застрашувачко задоволство, погледнете ги кратките раскази на Фредрик Браун и подгответе за бессона ноќ полна со прашања и загрижувачки мисли.
Доколку сте љубители на овој жанр, прочитајте зошто појавата на научната фантастика е заслуга на една тинејџерка.