Кратка поучна приказна: Детето со џамлиите
Кратка, но многу поучна приказна, која на едноставен начин ќе ве потсети што е потребно за мирен сон и живот исполнет со среќа.
Во градината си играа едно девојче, кое со себе имаше неколку бонбони, и едно момче, кое во рацете држеше неколку џамлии. Тогаш, момчето рече: „Ќе ти ги дадам сите џамлии, ако ми ги дадеш сите бонбони.“ Девојчето се согласи.
Иако момчето ги вети сите свои џамлии – ја задржа најубавата и најголемата за себе. Девојчето пак, како што вети, му ги даде сите бонбони кои ги имаше, од првата до последната.
Таа вечер, момчето никако не можеше да заспие. Се прашуваше дали можеби и девојчето, како него, си ја оставила најубавата бонбона за себе.
Девојчето, пак, слатко спиеше.
Наравоучение:
Доколку во некоја врска не се давате себеси безрезервно, секогаш ќе се прашувате дали и другата личност се однесува така. Ова не важи само за љубовните, туку и за пријателските, деловните и други врски.
Затоа, давајте сто проценти од себе. Само така ќе имате мирна совест!