Кралеви на танцовиот подиум: Според науката, жените преферираат мажи што танцуваат!
Студиите покажале дека жените не можат да им одолеат на мажите што знаат да танцуваат. Во едно германско истражување, на испитаниците истовремено им биле покажувани два вида видеа. Во едното тие можеле да гледаат мажи што одлично танцуваат, додека пак во другото, мажите биле послаби на танцовиот подиум.
Научниците ги следеле погледите на испитаниците и откриле дека нивното внимание веднаш се насочувало кон мажите со одлични танцови способности. Тие дури и сосема заборавале дека паралелно оди и другото видео, она со послабите машки танчари.
По завршувањето на видеата, научниците побарале од испитаниците да ги опишат мажите што танцувале. Сигурно веќе претпоставивте дека мажите со добри танцови способности ги добиле највисоките комплименти, за разлика од послабите танчари, што и покрај добриот физички изглед, не добиле никаков комплимент.
Па, момци, сега знаете што треба да направите за да го освоите срцето на девојката што одамна ја посакувате. Едноставно излезете на танцовиот подиум и почнете да танцувате како никој да не ве гледа! Секако, добро е и да земете два, три часа за танцување, колку да бидете сигурни дека се движите во вистинската насока…
Со танц до ѕвездите: Зошто танцувањето треба да стане дел од вашето секојдневие?