Кози како домашни миленици: Зошто тие стануваат исти како кучињата?
Ако имате куче знаете дека тоа е најдобриот пријател на човекот и секојдневно сè повеќе се уверувате во таквото тврдење. Но, едно ново истражување објавено во „Biology Letters“ неодамна откри дека козите се припитомуваат, но и однесуваат на сличен начин како и кучињата.
Научници од Универзитетот Кралицата Мери во Лондон спровеле еден експеримент. Тие на козите им понудиле кутии кои било невозможно да ги отворат, а во нив имало вкусна закуска, примамлива за овие животни. По неуспешните обиди да стигнат до храната, го сториле она што го прават и кучињата: Почнале копнежливо да гледаат кон најблискиот човек до нив велејќи му со погледот „Здраво. Може малку помош?“.
Добиените резултати биле споредени со резултатите од слични експерименти во кои биле набљудувани мачки и волци. Мачките, кога се наоѓале во таква ситуација ги игнорирале луѓето од околината, додека волците упорно сами продолжувале во битката да дојдат до вкусната храна.
Ова значи дека во блиска иднина може да галите некоја прекрасна коза која удобно ќе лежи до вас на каучот пред телевизорот.
Во краткото видео може да видите дел од спроведениот експеримент.