Коски и черепи за послатко утринско кафенце
Овие шеќерчиња одлично се надополнуваат со турската поговорка: „кафето треба да е црно како пекол, јако како смрт и слатко како љубов“. Наместо стандардните коцки, тие се изработени во облик на коски и черепи. Замислете додека се расонувате со вашето утринско кафе, да ве изненади минијатурен човечки череп. Ќе се расоните со првата голтка.
Идејата и дизајнот се на „Snow Violent“, а прв ги изработил DR.HC. Покрај кул изгледот, овие шеќерчиња се и еден вид предупредување за прекумерното внесување на овој производ во организмот… За „финта“, можете да ги купите преку etsy.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.