Користењето на скалите има огромна корист за мозокот и психолошкото здравје

Користењето на скалите има огромна корист за мозокот и психолошкото здравје

Според последното истражување, објавено во „Дневникот за невробиологијата на стареењето“, дури и најмалата активност игра голема улога во одржувањето добра психолошка состојба и младост. Со темпото на модерниот живот и современите нарушувања, докторите сѐ почесто се обидуваат да ги поттикнат луѓето да вежбаат и да бидат физички поактивни. Дури и нешто едноставно како искачувањето или симнувањето по скали наместо возење со лифт, може да направи голема разлика во општата здравствена состојба.

Користењето на скалите има огромна корист за мозокот и психичкото здравје

Покрај тоа, студијата покажува уште една голема корист на качувањето и симнувањето по скалите: Одржување на мозокот „млад“. Резултатите утврдуваат дека оваа активност ја зачувува сивата материја во мозокот со тоа што дава отпор на губењето или намалувањето на невроните, што го прави мозокот да изгледа и да функционира помладо.

„Веќе постојат многу кампањи насловени „Користете ги скалите“ во сите работни околини и центри за јавен транспорт. Ова истражување покажува дека кампањите треба да се прошират и до повозрасните, за тие да можат да работат на одржувањето на младоста на нивните мозоци“, вели главниот истражувач д-р Џејсон Стефенер од Универзитетот во Конкордија.

Додека постепеното губење на сивата материја е неизбежно, тимот на Стефенер открил дека секое качување и симнување по скалите го прави мозокот помлад за 0,58 години. Податоците се откриле со скенирање на мозоците на повеќе од 300 доброволци на возраст од 19 до 79 години. Но, користењето на скалите не бил единствениот начин да се одржи младоста на мозокот. Според снимките, учењето имало голем ефект врз релативната старост на мозокот. Се открило дека со секоја година помината во учење, мозокот изгледал цела година помладо.

Користењето на скалите има огромна корист за мозокот и психичкото здравје

„Оваа студија покажува дека едукацијата и физичката активност ја афектираат разликата помеѓу физиолошкото предвидување на староста и хронолошката старост, и дека луѓето можат да сторат нешто за да го запрат стареењето на мозокот“, објаснува д-р Стефенер.

Се разбира, оние кои го завршиле своето образование и одлучиле да запрат, можат да ја одржуваат активноста на мозокот со читањето, решавањето загатки, крстозбори и слични активности.

„Во споредба со останатите форми на физичка активност, користењето на скалите е нешто што постарите можат да го прават, за разлика од некои вигорозни физички вежби. Ова е охрабрувачко бидејќи демонстрира дека дури и наједноставното дејство како качувањето и симнувањето по скалите има голем потенцијал да биде интервентна алатка за промоција на менталното здравје“, вели д-р Стефенер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар