Корисни психолошки факти кои секојдневно ги гледаме, но не ги забележуваме

Корисни психолошки факти кои секојдневно ги гледаме, но не ги забележуваме

Човечкиот ум сè уште крие премногу тајни, но научниците успеале да откријат некои од нив. Погледнете некои од најинтересните психолошки факти кои сигурно не сте ги знаеле или забележале.

Корисни психолошки факти кои секојдневно ги гледаме но не ги забележуваме

1. Луѓето со високо ниво на тестостерон се чувствуваат наградено од гневот на другите.

2. Истражувањата докажале дека некои луѓе се раѓаат со вродени математички способности.

3. Мозокот го менува монотониот говор на здодевните луѓе за да го направи поинтересен и полесен за помнење.

4. Пеењето ја намалува анксиозноста и помага при борбата против депресијата.

5. Нервниот систем на цревата и мозокот се поврзани. Поради ова некои емоции веднаш имаат влијание на нашиот стомак. Стресот има најголемо влијание.

6. Недостатокот на пријатели може да биде опасно колку и пушењето. Научниците пронашле поврзаност помеѓу осаменоста и нивото на коагулација на протеини што може да предизвика инфаркт или мозочен удар.

7. Некои луѓе се генетски посклони кон песимизам и ги доживуваат негативните моменти поживо.

8. Сепак, можете да научите да бидете оптимисти. Нема потреба да сте родени со таа особина.

9. Ние можеме да избираме само помеѓу ограничен број опции, иако постојано бараме разновидност. Ова го објаснува фактот дека големи менија, дебели каталози и големи супермаркети создаваат неред во нашата глава.

10. Кога се обидувате да се сетите на некој настан, вие всушност се присетувате на последното сеќавање од настанот, а не на целиот настан.

11. Храната која не сме ја зготвиле секогаш ни изгледа повкусна. Додека готвиме ја чувствуваме аромата и го замислуваме вкусот. Па се чувствуваме како веќе да сме го пробале јадењето. Исто така, кога готвиме самите јадеме помалку.

12. Научниците обрнуваат сè повеќе и повеќе внимание на поврзаноста помеѓу интелигенцијата и сарказмот. Докажано е дека сарказмот ја развива креативноста.

13. Луѓето кои се родени слепи никогаш нема да страдаат од шизофренија.

14. Многу истражувања покажале дека луѓето ги преувеличуваат нивните позитивни карактеристики. На пример, повеќето возачи се сигурни дека се подобри од просечниот возач.

15. Кога сме премногу внимателни и создаваме план Б, најчесто планот А е неуспешен.

16. Научниците од Холандија испитувале 5.000 луѓе и откриле дека жените во просек плачат 30-64 пати годишно, а мажите помеѓу 6 и 17 пати годишно.

17. Мозокот го користи истиот механизам кога личноста ја слуша омилената песна како и кога користи наркотици.

18. Ако им кажете на другите за вашите планови, голема е веројатноста да не ги исполните бидејќи губите мотивација.

19. Луѓето со кафеави очи се подоверливи за разлика од оние со сини. Веројатно ова е поради фактот дека луѓето со кафеави очи имаат поистакнати карактеристики на лицето кои пак ги прават уште подоверливи.

20. Кога разговараме со луѓе кои ни се допаѓаат го менуваме нашиот глас.

21. За повеќето жени, 70% од привлечноста кон мажите доаѓа од тоа колку се силни.

Погледнете ги и овие неверојатни психолошки факти кои секој треба да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар