Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

Постојат безброј истражувања и научни трудови за функционирањето на мозокот, но голем акцент се става на теоријата која тргнува од тврдењето дека луѓето или ја употребуваат левата, или десната хемисфера. Би се изненадиле колку тоа влијае буквално на сè – како учите нови работи, како склопувате пријателства, како го минувате вашето слободно време, која професија сте ја одбрале и сл.

Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

Вашето однесување, вашиот начин на живот и вашите интереси, лесно би можеле да се објаснат според тоа која половина на мозокот ја користите повеќе. Ајде подетално да ги анализираме оние кои ја употребуваат левата и оние кои ја употребуваат десната хемисфера, како и сите оние нешта кои влијаат на нив. Имајте на ум дека сепак ова се генерализации, кои не се секогаш 100% точни, но поголемиот дел од нив важат и сигурни сме дека ќе се пронајдете во нив.

Најпрво, доколку никогаш не сте направиле тест и не знаете која половина од мозокот повеќе ја користите, кликнете тука.

Карактеристики на двете групи:

Лева страна
Десна страна
Ретко кога сонуваат будни или лутаат со мислите. Тие се постојано тука, критички настроени, добро организирани и ориентирани кон остварување на сопствените цели Филозофски настроени, добри во односите со другите луѓе, неретко се непредвидливи, избувливи и водени од емоциите, и по малку неорганизирани и дезориентирани
Читаат во седната положба Читаат лежејќи
Сакаат цврсто да ги следат своите планови и to-do листи Импулсивни и спонтани, некогаш губат осет за време
Чувствата не влијаат на одлуките кои ги носат Се потпираат на своите чувства и емоции, како и на интуицијата
Одлични се во математички пресметки и фасцинирани се од науката Уметнички души, сакаат емоциите да ги искажуваат преку пишаниот збор, спортисти, и слободното време го минуваат слушајќи музика
Следат правила, прописи и насоки. Се потпираат на својата интуиција, сакаат сами да ги поставуваат правилата и да откриваат нови нешта
Сакаат реалистички приказни Сакаат да читаат фикција и мистични приказни
Преферираат смирена музика Можат да учат додека в позадина има музика и не им пречи ако таа е гласна
Сакаат кучиња Сакаат мачки

Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

Професорите кои се наклонети кон левата хемисфера преферираат чиста и мирна училница, сакаат да им даваат задачи на учениците и да ги поттикнат на индивидуална работа. Предаваат според лекцијата и програмата, даваат теоретски информации и отвораат дискусии.

Оние кои ја користат десната хемисфера, пак, во своето предавање ставаат акцент на визуелизацијата, сакаат да користат дополнителни материјали и да ги предаваат лекциите на оригинален, свој начин. Ставаат акцент на работа во групи, и сакаат раздвижена и „жива“ училница.

Учениците кои ја користат левата половина сакаат да учат сами во тивка просторија. Секогаш се потпираат на дадените инструкции, сакаат факти и точни бројки, и неретко инкорпорираат разни научни истражувања во својот труд, дури и кога тоа не е задолжително. Сакаат да ги следат правилата.

За разлика од нив, оние кои се наклонети кон десната хемисфера, сакаат да ги создаваат правилата. На ученик кој ја користи левата хемисфера му се даваат чекорите по кои треба да се води за да стигне до целта, додека на оној кој ја користи десната, му се објаснува самата цел за тој сам да најде начин да стигне до неа.

Различни стилови на учење

Лева страна
Десна страна
Размислуваат линеарно – нив им се потребни деловите за да ја склопат целата сложувалка. Информациите ги процесираат чекор по чекор. Тоа им помага да имаат концизен план. Размислуваат холистички – ја гледаат целата слика а не деталите. Информацијата ја процесираат почнувајќи од решението односно одговорот, а не од начините да се стигне до целта.
Големи реалисти, ги сакаат картите отворени на маса – работите се такви какви што ги гледаш. Не бараат решенија од страна, туку тргнуваат она кое тие мислат дека е решение. Одговорите на разни животни прашања и одлуки ги наоѓаат во себе.
Лесно учат симболи – паметат зборови, знаци и математички симболи. Се фокусираат на конкретното – сакаат да го видат и почувствуваат она за што им се зборува.

Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

Совети за оние кои се наклонети кон левата страна:

  • Иако имате постојана потреба да ги држите нештата под контрола, сепак корисно е да научите да работите во група. За да ви биде полесно може да се пријавите да бидете лидер на групата, или одговорен за одредена област.
  • Кога веќе сакате да организирате, искористете ги вашите организациски способности. Бидете секогаш добро организирани, и барајте работа за која е потребен добар организатор. Така и вие ќе бидете исполнети и ќе чувствувате дека конците се во вашите раце.
  • Потрудете се да не влегувате во расправии толку често или пак да ги поправате другите кога зборуваат. Луѓето можат да добијат мислење за вас дека сте снобови или недружељубиви. Секој си има право на мислење и избор. Некогаш е подобро да ги премолчите вашите забелешки.
  • Кога треба да работите на некаков проект, одберете го оној кој од вас бара факти и точни бројки и информации. Вие не сакате зборување од памет или измислување нови правци, така што подобро е да волонтирате за проект или задача кој/а бара темелна работа и следење на инструкциите.
  • Работете сами кога имате можност бидејќи гужвата лесно ве деконцентрира и иритира.
  • Доколку може да одберете кај кој професор ќе слушате предавања, одбегнете ги креативците и оние кои сакаат да зборуваат слободно и општо. Тоа лесно ќе ве демотивира.

Совети за оние кои се наклонети кон десната страна:

  • Запомнете дека ваш приоритет не е само да започнете одреден проект туку и да го завршите. Вие сте креативни и вашиот мозок постојано смислува нови начини и нови идеи, но кое фајде ако не одите до крај туку веднаш почнувате со новото кое ви дошло на памет?
  • Искористете ја вашата јака страна – креативното пишување. Одбирајте предмети на факултет, или проекти на работа кои од вас бараат креативно изразување. Тоа ќе ве направи задоволни и вас како и вашиот професор/работодавец.
  • Створете навика да правите планови. Можеби и мали, и не толку темелни, но корисно е да знаете кон каде се движите. Едноставна листа со задачи во текот на работната недела е добра промена.
  • Да, за вас постојат толку можности и толку нешта кои би требало и сакате да ги направите. Но стиснете пауза, не може да добиете сè одеднаш. Доста фантазиравте, сега фатете се за конкретен проект.
  • Одбегнувајте професори кои премногу се осврнуваат на теорија и кои од вас бараат прецизни факти и информации бидејќи вие сакате слободно да ги процесирате информациите. Така ќе го одбегнете чувството дека сте заглавиле во шема која воопшто не ви оди во прилог.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар