Конечно е потврдена посебната врска помеѓу таткото и ќерката

Конечно е потврдена посебната врска помеѓу таткото и ќерката

„Татина ќерка“ е изразот кој најдобро ја истакнува посебната врска која татковците ја остваруваат со своите девојчиња. И без разлика на тоа колку родители веруваат дека исто се однесуваат кон своите ќерки и синови, докажано е дека девојчињата и момчињата се одгледуваат различно.

1-tatina-kjerka-konechno-e-potvrdena-posebnata-vrska-pomegju-tatkoto-i-zhenskoto-dete-www.kafepauza.mk_

Ова е потврдено и со новото истражување што докажало дека татковците навистина се однесуваат поразлично кон своите ќерки и тоа на начин кој има долгорочно влијание. Во истражувањето учествувале 52 мажи, татковци на деца од 6-годишна возраст. Психолозите проучувале како машкиот мозок реагира на децата, и дали татковците свесно се однесуваат поразлично или тоа едноставно е „посилно од нив“.

Во текот на вториот дел од експеримент, научниците ја снимале работата на мозокот на татковците додека им покажувале фотографии на деца со среќни, неутрални или тажни изрази на лицето.

2-tatina-kjerka-konechno-e-potvrdena-posebnata-vrska-pomegju-tatkoto-i-zhenskoto-dete-www.kafepauza.mk_

Татковците на девојчиња реагирале посилно на фотографиите од своите деца со среќен израз на лицето, а во делот од мозокот кој е задолжен за емоциите била забележана посилна активност. Но, татковците на синови поинтензивно реагирале на фотографиите со неутрален израз на лицето.

„Ако детето плаче, и го повикува својот татко, татковците кои имаат девојче побрзо ќе реагираат“, вели д-р Џенифер Маскаро, која била шеф на истражувачкиот тим.

Татковците на момчиња со своите синови помалку разговараат, поретко им пеат, на пример, дури и додека се сосема мали, и генерално послабо им обрнуваат внимание на нивните емотивни потреби. Таквиот модел на однесување, кој се заснова на воздржување во искажувањето на чувствата може да влијае на емоционалниот развој на момчињата.

Погледнете ги овие 25 причини зошто врската помеѓу татко и ќерка е нераскинлива!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар