Конечно е откриено: Дали лакот за коса навистина може побрзо да го исуши лакот за нокти?
Има безброј трикови за побрзо сушење на лакот за нокти, бидејќи да бидеме реални, кој има половина час или повеќе слободно време за да седи без да работи ништо додека чека да се исуши лакот? Постои верување дека лакот за коса може да направи чудо и да го исуши лакот за нокти за една минута, но дали е тоа навистина така, дознајте денес!
Потребно е да го направите следново: Намачкајте ги ноктите, но во оваа ситуација избегнувајте гел лак за нокти. Почекајте минута, а потоа земете лак за коса и оддалечете го 15-20 сантиметри од ноктите, па напрскајте го секој нокот посебно. Многу е важно да го оддалечите лакот за коса, за тој да не ви го уништи лакот на ноктите. Почекајте минута или две и вашите нокти би требало да бидат потполно суви.
За жал, тие со оваа постапка, не се потполно суви, но ќе можете веќе по неколку минути да се вратите на вашите дневни активности. Може да се каже дека овој трик е успешен! Вишокот лак за коса од прстите ќе го отстраните со вода, а ова е дефинитивно добар трик кој ќе можете да го искористите тогаш кога навистина се брзате.