Композитор го компонира звукот на електричните модели на Ауди

Композитор го компонира звукот на електричните модели на Ауди

Моторите на електричните модели е-трон на Ауди се извонредно тивки. Додека се во погон, едвај се слушаат само гумите и удирањето на воздухот во стаклото. Тие се одлични за животната средина, но на пешаците кои имаат проблеми со видот и во движењето се потпираат на својот слух, им претставуваат проблем. Затоа компанијата реши да создаде звук којшто ќе го интегрира во автомобилите со цел да го реши овој проблем.Композитор го компонира звукот на електричните модели на АудиЗа таа цел бил ангажиран композиторот Рудолф Халбмаер. За да го создаде звукот кој му недостасува на Аудито, тој користел звуци од разни делови на автомобилот, од кои подоцна направил микс. Новосоздадениот звук, наречен Audi e-sound, ќе може да се слушне преку звучник инсталиран под хаубата на Аудито. Новокомпонираниот звук можете да го слушнете на следното видео, заедно со процесот на неговото создавање.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар