Колоритно селце сместено во карпа

Колоритно селце сместено во карпа

Манарола е мало рибарско селце, кое е лоцирано во округот Ла Специја, кој се наоѓа во покраината Лигурија во северна Италија. Селцето е распространето на дивиот и каменлив теснец на крајбрежјето на Лигурско Море. Тоа е едно од петте мали селца во делот од Италијанското крајбрежје познат како Чинкве тере. Чинкве Тере или преведено „петте земји“ се однесува на пет села кои ги спојува една пешачка улица: Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаМанарола е најстарото и второто најмало селце помеѓу петте кои се наоѓаат во Чинкве Тере, чиј камен-темелник е црквата Сан Лоренцо, која датира од 1338 година. На западниот крај има малечко пристаниште, а на десниот крај се наоѓа црквата и плоштад на кој мештаните се среќаваат за да извршат разни активности. Инаку на поголемиот дел од Чинкве Тере има лозја на многу места.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Маранола има малечко пристаниште на кое има рампа за бродови, згради во разни бои и карпеста патека по која луѓето можат да се спуштат надолу за да се искапат во морето. За оние кои се спремни за малку поавантуристичко пливање, има скалички за да се качат од водата кон карпите за да скокаат, а кога ќе завршат со спортувањето можат да се искапат под тушевите.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Манарола традиционално прво се развиле рибарската и винарската индустрија. Локалното вино т.н. „Sciacchetrà“ е прочуено по својот квалитет. Манарола заедно со останатите четири села се популарни туристички дестинации, особено во текот на летните месеци. Атракција за туристите претставува шетањето по пешачката патека која се наоѓа измеѓу Манарола и Риомаџоре т.н. Via dell’Amore (Патека на љубовта), искачување по карпестите патеки и разгледување на лозјата над селцето.Колоритно селце сместено во карпа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Прекрасно. 🙂

  2. amore Reply

    Me potsetuva na gratcheto Positano,Amalfi coast 🙂

  3. Valentina Gorgievska Reply

    Fantasticno mesto,prva prilika i bi go posetila ova Koloritno selce…

Остави коментар