Колоритна трансформација на Сиднеј за време на фестивалот „Vivid Sidney“
Секоја година за време на настанот „Vivid Sydney“ овој град се трансформира во колоритно уметничко дело. И покрај тоа што за време на овој фестивал се случуваат многу нешта, најимпресивниот дел го вклучува шоуто со светлина. Талентирани артисти и продуценти успеваат да креираат неверојатна светлинска инсталација која се протега низ целиот град. Дури и најпознатиот објект во Сиднеј, Операта, е целосно преплавена во силни бои.
Овој фестивал трае од 23 мај, па сѐ до 9 јуни. Доколку некогаш планирате да го посетите Сиднеј, ви препорачуваме да го сторите тоа за време на овој настан, бидејќи тогаш градот целосно ќе ве остави без зборови. Погледнете и самите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.