Колкумина навистина го поддржуваат истополовиот брак?

Колкумина навистина го поддржуваат истополовиот брак?

Можеби затоа што сте научени да живеете и да комуницирате со одредени личности со кои имате исти ставови и размислувања, лесно е да заборавите колку поразлични работи постојат. Едно ново истражување се посветило на испитување на ставовите на луѓето кои ги имаат кон хомосексуалната заедница. Имено, се покажало дека само еден од тројца луѓе ширум светот поддржуваат истополови бракови, додека пак 45% велат дека тоа не би требало да биде легализирано. Истражувањето се состоело од 31 прашање кои биле одговарани од 96.331 луѓе ширум светот.

Истражувањата покажуваат: Колкумина го поддржуваат истополовиот брак?

Она што било особено важно за добиените податоци е дека тие се прибрани од 65 држави, вклучувајќи ги и областите каде што има отворено непријателство и дискриминација на хомосексуалната заедница.

„Примарното значење на овие резултати е дека имаме докази, а не анегдота: Сега ги знаеме ставовите во државите, па не се потпираме на размислувањата за тоа што луѓето во либералните и конзервативните држави мислат за ЛГБТИ заедницата“, вели Енгус Карол, истражувач и коавтор на ‘Личното и политичкото: Ставови кон ЛГБТИ заедницата ширум светот.’ „Ова е особено важно, бидејќи анкетите ни даваат можност да ги идентификуваме застапените ставови, па и да дознаеме дали постои заживување на конзервативниот пристап кон сексуалноста и родовите во различни делови во светот, а честопати барањата за признавање на човековите права на ЛГБТИ заедницата се прикажани од страна на политички и религиозни лидери како ‘нови права’ или ‘геј права’, додека она што се бара е само признавањето на основните човекови права.“

Ова е особено важна работа. Покрај хомосексуалните бракови, некои од другите добиени заклучоци биле исто така изненадувачки. Ова е она што тие го пронашле во врска со ставовите и погледите кон хомосексуалната заедницата ширум светот.

Истражувањата покажуваат: Колкумина го поддржуваат истополовиот брак?

1. Помалку од половина познаваат некој хомосексуалец

Имено, само 46% од луѓето во светот знаат личности што се хомосексуалци или бисексуалци, додека пак 28% знаат и транссексуалци. Ова е лоша вест затоа што познавањето на некоја ваква личност до себе, е добар чекор кон нивно општо прифаќање.

2. Над една четвртина од луѓето мислат дека истополовиот брак треба да се смета како нелегално дело

Кога било поставено прашањето во врска со законот и истополовите бракови (дали хомосексуалците, бисексуалците и транссексуалците се криминалци?) било согледано дека 26% од луѓето чувствуваат дека ова е противзаконско дело. Оваа бројка е многу висока и е знак за тоа колку многу сѐ уште постојат предрасудите во светот.

3. Но, на повеќето луѓе не би им пречело да имаат сосед хомосексуалец

Сметајќи ги претходно изнесените податоци, ова може да делува чудно, но дури 65% од испитаниците објасниле дека не би имале проблеми ако имаат хомосексуален сосед. Секако дека подобро би било оваа бројка да биде уште поголема, но сепак е далеку поприфатлива отколку добиените податоци од другите прашања. Ова покажува дека повеќето луѓе сфаќаат дека за нив овие личности не претставуваат закана.

Правата на хомосексуалците и нивната безбедност се многу повеќе отколку само истополовиот брак, но недостигот на нивна поддршка ширум светот, во комбинацијата со недостаток на свест и сочувство, покажува дека на меѓународно ниво уште многу работи треба да се направат. Добро е да се знае дека некои нешта не се толку загрижувачки како во минатото, но сѐ уште постојат некои кои чекаат да бидат завршени. Секој од нас треба да сфати дека ова е светски проблем, па треба заеднички да се решава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар