Колку соништата ни влијаат на животот во реалноста?
Дали некогаш ви се случило да сонувате некоја ваша блиска личност во негативен контекст, а после будењето да продолжите да ѝ бидете лути? Не сте единствени, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека содржината од нашите соништа се пренесува многу лесно во нашите животи.
Овие соништа, според објаснувањата на експертите, покренуваат конфликти и сомневања во нас.
Голем број истражувања веќе докажаа дека нашиот реален живот влијае врз соништата, но најновите истражувања покажуваат дека и соништата влијаат на стварноста, односно на нашето однесување.
Според истражувањата, сништата најмногу влијаат на меѓучовечките односи, особено на љубовните. Така на пример, можете да сонувате како партнерот ве изневерува и цел нареден ден да му бидете лути, а поради тоа да настане конфликт.
Во ова истражување учествувал 61 човек, а научниците кажуваат дека ова е само почеток на нови откритија за испреплетеноста на соништата и вистинскиот живот, како и нивното меѓусебно влијание.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.