Колку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега

Колку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега

Уште од рана возраст нѐ учат дека човекот има 5 сетила кои му служат за истражување на светот: Допир, вкус, мирис, слух и вид. Лесно е да се разберат овие сетила, бидејќи секое од нив е претставено со соодветен сетилен орган: Прсти, уста, нос, уши и очи. Меѓутоа, вистината е дека постојат уште 3 дополнителни сетила кои не се толку очигледни, но сепак се од огромно значење за снаоѓање во животот. Потешко е да се објаснат и да се претстават визуелно за разлика од основните сетила, па можеби и затоа не се дискутираат во училиштата. Но, сега сме веќе возрасни така што редно време е да станеме свесни и за следниве дополнителни сетила.

1. Терморецепција

Колку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега

Како што открива и самото име, терморецепција е сетило за правење разлика меѓу температурите. Секој организам со нервен систем има терморецептори, така што ова сетило не се однесува само на луѓето. На прв поглед можеби ви се чини дека терморецепцијата треба да спаѓа во основното сетило за допир. Меѓутоа, сосема е возможно да се има сетило за допир кое помага при распознавањето на мазни и нерамни површини, без да постои способноста да се почувствува топлината или студот на истата површина. Според тоа, станува збор за две различни сетила. Терморецепцијата се јавува благодарение на посебните неврони во мозокот кои имаат улога на терморецептори и кои се вклучуваат и исклучуваат при детекција на различни температури со цел да се поттикне соодветна реакција на организмот. Тоа значи, дека овие неврони ни праќаат сигнали да одиме кон топлото ако ни е ладно и обратно, кон ладното ако ни е топло.

2. Проприоцепција

Колку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега

Проприоцепцијата е способност да се контролираат делови од телото на соодветен начин во просторот без да се гледа во нив. Ова е многу корисно, бидејќи на тој начин нашето сетило за вид е слободно да прави други работи. Без проприоцепцијата не би можеле да си подаваме топка, да возиме велосипед или да користиме алати. За разлика од терморецепцијата, не постојат посебни делови од телото кои служат за проприоцепција. Имено, станува збор за повеќе информации кои доаѓаат од различни мускули и зглобови и кои истовремено пристигнуваат во мозокот. На тој начин, во мозокот се создава целосна слика за тоа што прави човечкото тело во моментот и местото каде што се одвива тоа. Повторно, ова сетило е поврзано со сетилото за допир, но не станува збор за истата работа. Човекот може да биде способен да ги почувствува нештата на кожата без да има поим каде му се наоѓаат екстремитетите во просторот. Веројатноста е дека кај несмасните луѓе постои мал недостаток на проприоцепција.

3. Сетило за рамнотежа

Колку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега

Ова сетило ни помага да одржуваме рамнотежа, без која постојано би паѓале и би се повредувале. Покрај мозокот, внатрешното уво игра голема улога во одржувањето рамнотежа. Имено, ситните делови од внатрешното уво содржат течност која се движи во согласност со нашето движење и на тој начин обезбедува информации за ориентацијата на телото во просторот. Сетилото за рамнотежа е многу деликатно, па дури и најмали повреди или нарушувања на внатрешното уво можат лесно да доведат до губење на ова сетило. Добро е да се знае дека луѓето не се најдобри кога станува збор за одржување рамнотежа. Мачките, на пример, имаат опашки кои испраќаат повеќе информации до мозокот во врска со рамнотежата и имаат поголема способност да ги поправат неправилностите.

Дознајте повеќе за овие сетила во следново видео…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар