Колку пати месечно треба да имате секс?

Колку пати месечно треба да имате секс?

Среќната жена води среќен (сексуален) живот. Барем тоа може да се заклучи според истражувањето на психотерапевтот и автор М. Гери Њуман. Тој спровел студија на 400 жени во брак со цел да открие колку често треба паровите да имаат секс, а со тоа и да го добие одговорот на прашањето: „Колку секс би требало да имаме месечно?“

Колку пати месечно треба да имате секс?

Њуман открил нешто неочекувано, а тоа е дека среќната врска се поврзува со тоа колку често жените имаат секс со својот партнер, а не со тоа колку е добар сексот кој го имаат. Неговите откритија ни покажуваат и дека постои значителна разлика во фреквенцијата на сексот помеѓу среќните и несреќните жени во брак.

Да не должиме, несреќните жени во бракот имаат од 3 до 4 пати секс месечно, додека оние кои се среќни во бракот имаат 11 пати секс во текот на еден месец. Па, што застанува на патот до вашиот сексуален живот? Според статистиките, првите 2 години од бракот поминуваат одлично. Но, откако ќе поминат овие 2 години, исто како и со другите нешта во животот, ние мора да почнеме да работиме бидејќи во спротивно нештата ќе станат бајати. Како што ќе се движите низ животот така ќе се соочувате со повеќе обврски (сметки, деца, недостаток на сон…) и нешта кои едноставно морате да ги завршите. Луѓето се фокусираат толку многу на овие обврски што едноставно забораваат на среќата и љубовта кои водат кон водење љубов.

Токму затоа најдете малку време за вас и вашиот партнер и доколку сакате да бидете посреќни во врската и во животот не заборавајте на сексуалните односи помеѓу вас двајца.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар