Колку пари му се потребни на Дедо Мраз за неговата работилница?

Колку пари му се потребни на Дедо Мраз за неговата работилница?

Празничната сезона може да биде магична, радосна, забавна… и скапа. Многу, многу скапа. Ако мислите дека нам ни е тешко да излеземе на крај со сите трошоци, замислете како се чувствува Дедо Мраз.

Колку пари му се потребни на Дедо Мраз за неговата работилница?

Британската компанија True Luxury Travel го направила токму тоа – го одредила божиќниот буџет на Дедо Мраз.

Не треба да ве изненади дека Дедо Мраз треба да потроши многу за да ја одржи неговата работилница. Иако не сите го прославуваат Божиќ, луѓето настојуваат да трошат многу повеќе во овој период, без разлика дали следат религиозен празник, или само ја слават сезоната.

Додека некои веруваат дека целата магија се случува благодарение на фабриките и службите за транспорт, другите знаат дека вистинската магија е на Северниот Пол. Па погледнете колку би потрошил Дедо Мраз за да ги исполни желбите на сите деца.

Како што истакнале од компанијата, во светот има околу 2 милијарди деца. Бидејќи голем дел од нив не се христијани и не го прославуваат Божиќ, ова значи дека околу 45% од населението на светот го слави овој ден. Околу 900 милиони деца добиваат подароци, и тоа не само по една играчка.

Според некои истражувања, повеќето деца добиваат барем 16 подароци. Тоа значи дека работилницата на Дедо Мраз произведува околу 14,4 милијарди играчки. Ако за една пластична играчка се потребни околу 2,52 евра, целото производство би чинело 36,3 милијарди евра. Ова е навистина многу за детски подароци.

Но, со ова се покриени само трошоците за подароците. Дедо Мраз завршува одлична работа, но не работи сам. Од компанијата пресметале дека би му биле потребни околу 132.000 елфови кои ќе ги прават играчките. Овде треба да се земат предвид неколку фактори како работните часови на елфовите и колку играчки прават во еден час. Доколку децата добиваат по една играчка, би биле потребни околу 85.000 елфови. Но како што споменавме, децата добиваат повеќе од еден подарок, што значи дека Дедо Мраз би вработил 132.000 елфови.

Пресметката за нивната плата е направена според минимална плата во САД, која изнесува околу 53.000 евра годишно. Ако елфовите работат во текот на целата година по 40 часа неделно, за нив би требало да се одвојат околу 7 милијарди евра. Кој би рекол дека Дедо мраз е магнат?

Очигледно, работилницата на Дедо Мраз е сместена на Северниот Пол, но за да ги поедностават нештата, од компанијата претпоставиле дека за греење и струја плаќаат според американски цени. Знаеме дека Северниот Пол е навистина студен, па Дедо Мраз треба да затопли и да осветли површина од околу 5,6 милиони метри квадратни. Значи само за сметки, Дедо Мраз би плаќал околу 83 милиони евра годишно.

Се разбира, Дедо Мраз и неговиот тим би требало да плаќаат и за нивниот дом, но и за храна. Компанијата ги разгледала цените на кириите во Финска каде што најверојатно би живеел Дедо Мраз. Кога ќе се земе предвид големината на работилницата, тој би требало да одвои околу 1,2 милијарди евра само за кирија и храна.

Не смееме да ги заборавиме и ирвасите. За да се пресмета трошокот за нив, од компанијата разгледале колку чини одгледувањето коњи во САД. Во просек, оваа активност чини 3.300 евра годишно. Бидејќи Дедо Мраз има 8 ирваси, тој би потрошил околу 26.400 евра годишно само за нив.

И за крај, ако се претпостави дека санката на Дедо Мраз е луксузен автомобил, за нејзино одржување тој одвојува барем 1.000 евра годишно. Кога ќе се соберат сите трошоци, на Дедо Мраз му се потребни повеќе од 44 милијарди евра за да ги исполни желбите на сите деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар