Колку кафе ви е потребно за да останете будни?
Ако сте големи обожаватели на кафето, сигурно не можете ни да си го замислите животот без него. Кофеинот ве буди и му дава доза адреналин на мозокот, но понекогаш прави да се чувствувате лошо ако претерате со пиење. Дали знаевте дека сега има начин да пресметате колку точно кафе му е потребно на вашиот организам за да остане буден?
Според едно ново истражување спроведено од научниците на Медицинскиот воен истражувачки центар во САД, постои алгоритам со кој можете да пресметате колку кафе ѝ е потребно на една личност и во кој период од денот. Алгоритамот користи неколку фактори, како распоредот на спиење и телесната тежина. Жак Реифман, главниот автор на истражувањето изјавил:
„Развивме алгоритами коишто работат заедно и ни овозможуваат да утврдиме, на индивидуално ниво, кога и колку кофеин ви е потребен за врвен перформанс во дадено време и на даден период.“
На некој начин, овој алгоритам докажува дека пиењето кафе е вистинска наука. Покрај тоа, истражувањето покажало дека не сите шолји кафе се исти. Пиењето кафе во вистинскиот момент може да биде клучно за добивање на посакуваните резултати. Со други зборови, подобро е да пиете паметно наместо да пиете многу кафе.
Сепак, има и мал проблем со ова истражување. Иако истражувачите ја трансформирале оваа технологија во апликација наречена 2B-Alert, на јавноста не ѝ се познати сочните детали. Односно, не знаеме колку кафе треба да консумира секоја личност за најдобар перформанс. Засега познато е само генералното предвидување за вашиот перформанс врз основа на вашето време на спиење и количината кофеин што ја консумирате.
Всушност, би можеле да направите сличен експеримент за да откриете колку кафе им е потребно на вашите тело и мозок за најдобриот перформанс.
Причината што не ни се достапни овие информации е тоа што истражувањето не е направено за нас. Односно, истражувањето не е дизајнирано за „обичните“ луѓе. Во истражувањето научниците истакнале дека целта им била да пронајдат алатка која ќе овозможи водич за консумирање кофеин за да им помогне на војниците да останат будни. Истражувачите биле загрижени да најдат ефективен начин за војниците на САД да го подобрат своето внимание и перформанс и не го дизајнирале алгоритамот за луѓе на кои им е потребна шолја кафе за да ја преживеат неделата. Ова има смисла бидејќи целото истражување е финансирано од војската.
Сепак, Реифман открил дека постојат долгорочни планови за откривање на сите информации на јавноста, особено на луѓето со напорна работа како градежници или луѓе кои работат трета смена.
Без разлика дали наскоро ќе допреме до овој алгоритам, сепак е интересен чекор напред во истражувањето и технологијата.
Погледнете ги и знаците дека пиете премногу кафе.