Колку е бракот подолг, толку речениците се пократки: Духовити мисли за брачниот живот

Колку е бракот подолг, толку речениците се пократки: Духовити мисли за брачниот живот

Знаеме дека сите вие сакате да читате цитати, без разлика на тоа за што се наменети, а денес одлучивме да ви го разубавиме денот со овие неколку досетливи и духовити мисли за бракот и односите помеѓу мажите и жените. Уживајте во слободниот ден!

1-kolku-e-brakot-podolg-tolku-rechenicite-se-pokratki-duhoviti-citati-za-brakot-www.kafepauza.mk_

„Среќно оженет е само оној човек кој го разбира секој збор што неговата жена не го изговорила.“

„Ако се плашите од осаменост, немојте да се ожените.“

„Да се омажите значи да ги преполовите своите права, а да ги дуплирате обврските.“

„На светот не постои ништо поубаво како што е љубовта на една омажена жена. За жал, оженетите мажи таква љубов никогаш не среќаваат.“

„Секој што тврди дека бракот е лотарија – прави лоша реклама за лотаријата.“

„Бракот е една од ретките историски појави каде што освојувачот му се покорува на победениот.“

„Бракот е книга која со задоволство се чита во првото издание, поретко во второто, а кога ќе застари и ќе стане класика, тогаш ја губи секоја вредност.“

„Бракот е препорачано писмо, обично погрешно адресирано, кое е интересно само додека е затворено.“

„Бигамија е да имате еден маж премногу, а и моногамија е истото.“

„За брак се потребни две личности, а за развод три.“

2-kolku-e-brakot-podolg-tolku-rechenicite-se-pokratki-duhoviti-citati-za-brakot-www.kafepauza.mk_

„Идеална старост на мажот за брак е околу деведесеттата година, две минути пред смртта.“

„Љубовта е слатко ропство, бракот е ропство без сладост.“

„Брачната врска е висока школа за алтруизам.“

„Бракот мора постојано да се бори против чудовиштето кое голта сè – против навиките.“

„Добар брак би бил помеѓу слепа жена и глув маж.“

„Мажот најдобро ќе го одмазди љубовникот на неговата сопруга.“

„Брачната лотарија е речиси секогаш среќка без добивка.“

„Бракот е толку омилен, бидејќи ги спојува максималните искушенија и максималните прилики.“

„За жените бракот е комедија која започнува со венчавка, а за мажите е трагедија која завршува со смрт.“

„Кога пријателите на некој Римјанин го прекорувале што ја занемарил својата убава, богата и чесна сопруга, тој им покажал кон своите нови сандали и им рекол: ‘И тие делуваат ново и убаво, но никој не знае како ме болат!’“

3-kolku-e-brakot-podolg-tolku-rechenicite-se-pokratki-duhoviti-citati-za-brakot-www.kafepauza.mk_

„Бракот е како животот – бојно поле, а не кревет од ружи.“

„Бракот е нешто поради што човекот секогаш се кае, без разлика дали ќе стапи во него или него.“

„Добро отворете ги очите кога ќе се жените, а потоа затворете ги!“

„Кој ќе се ожени од љубов, тој ќе ужива ноќе, а дење ќе кука.“

„Ако одите во војна, кажете ја еднаш „Оче наш“, ако се подготвувате да испловите на море, кажете ја два пати, а ако се жените, кажете ја три пати.“

„Во секој случај, оженете се. Ако пронајдете добра жена, ќе бидете среќни. Ако пронајдете лоша, ќе станете филозоф.“

„Бракот е прекрасна институција, но кој сака да живее во институција?“

„Кога мажот ќе ја отвори вратата од автомобилот на својата сопруга, или е нов автомобилот или е нова сопругата.“

„Кога некој маж ќе ја украде вашата сопруга, нема подобра одмзада од тоа да го оставите да ја задржи.“

„Жената мора да биде жена постојано бидејќи, никогаш не се знае кога мажите може да станат мажи.“

„Колку е бракот подолг, толку речениците се пократки.“

4-kolku-e-brakot-podolg-tolku-rechenicite-se-pokratki-duhoviti-citati-za-brakot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар