Колку долго трае еден просечен брак во различни делови од светот?

Колку долго трае еден просечен брак во различни делови од светот?

Дали надевањето за брак кој ќе трае засекогаш е премногу добро за да биде вистинито? Од друга страна пак, постојано слушаме приказни за љубов која ја изгубила својата страст и завршила со развод. Всушност, ова толку често се случува што веќе може да се каже дека е повообичаено отколку оние врски кои навистина засекогаш траат. Погледнете колку често се случуваат разводите и во просек колку долго трае еден брак во некои од најголемите градови ширум светот.

Колку долго трае еден просечен брак во различни делови од светот?

1. Рим, Италија: 15 до 18 години

Разделбите и разводите во Рим се зголемени за 30,7% од 2010 година. Од тогаш, на секои 1.000 бракови има 307 разделби и 182 разводи. Во секој случај, Рим сè уште има најмногу парови кои остануваат заедно, во просек од 15 до 18 години, но и најголем број години во живеење разделено сè додека конечно не заврши врската со развод.

2. Отава, Канада: 13,8 години

Просечната должина на брак во Отава е 13,8 години. Но, со оглед на тоа што бројките на развод постојано растат, достигнувајќи и 48% на национално ниво, овој просек може брзо да се промени.

3. Париз, Франција: 13 години

За жал, дури ни градот на љубовта не е имун на пропаднатите бракови, каде што стапката на разведување е 55%. Во Париз еден просечен брак трае 13 години.

4. Њујорк сити, Њујорк: 12,2 години

Браковите во Њујорк, со просек од 12,2 години, траат подолго од националниот просек. Но, ако ја гледаме пошироката слика, другите држави во Америка се движат помеѓу 10 и 14 години.

5. Мексико сити, Мексико: 12 години

Просечниот брак во Мексико трае околу 12 години. Само 15% од врските завршуваат со развод, но неодамнешни студии покажуваат дека голем број парови раскинуваат по само 2 години брак. Токму затоа и во 2011 година, владата во Мексико почнала да издава моментални дозволи за брак со цел да го направи разводот полесен за новите парови.

6. Токио, Јапонија: 11 години

Според националниот цензус, просечниот брак во Јапонија не трае повеќе од 11 години, каде што 36% од браковите завршуваат со развод. Тие имаат и церемонии за развод, каде што се спроведува ритуал со цел да можат паровите да продолжат сами по својот пат.

Кејптаун, Афика: 11 години

Според еден извештај од 2012 година, разводот во Кејптаун варира според полот и годините. Мажите најчесто се разведуваат помеѓу 40 и 44 години, додека пак жените помеѓу 30 и 35 години. Просечниот брак трае 11 години, а стапката на разводи е 31,2%.

8. Сиднеј, Австралија: 8,7 години

Австралискиот институт за семејни студии открил дека паровите се разделуваат многу побрзо од 2011 година, со просек од 8,7 години. Но, оваа студија исто така открила и дека голем број парови имаат тенденција да останат заедно само поради своите деца. Националната стапка на разводи е 43%, каде што паровите најчесто се разведуваат по 20 или повеќе години или пак, кога нивните деца се целосно пораснати.

9. Лондон, Англија: 4 до 8 години

Просечниот брак во Лондон најчесто завршува со развод по 4 или 8 години. Во овој град од сите бракови 42% завршуваат со развод. За разлика од Лондон, националниот просек на браковите е 11 години и повеќе.

10. Доха, Катар: 5,5 години

Стапката на разводи во Доха е 38%, каде што браковите во просек траат само 5,5 години. Еден извештај од 2011 година ни покажува дека 60% од паровите се разделуваат во првите 5 години, а некои дури и пред да го консумираат својот брак (немале секс ниту еднаш).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар