Колку добро разликувате бои? Помалку од 1% од луѓето го поминуваат овој тест со сите точни одговори!
Една работа е да разликувате црвена од сина боја, но набљудувањето и распознавањето на нијансите е друга приказна. Ова може да биде тешка задача, а за да се уверите во тоа, можете да го направите овој краток тест изработен од компанијата за грижа за видот „Ленстор“, со седиште во Велика Британија.
Од вас ќе се бара да избирате одредени нијанси, како и да ги подредувате по ред.
Можеби ви звучи лесно, но „Ленстор“ откриваат дека е тешко да се помине тестот со сите поени. Помалку од 1% од луѓето кои го направиле тестот во иницијалната фаза, постигнале перфектен резултат од 10 точно одговорени прашања од вкупно 10. Најчестиот резултат бил 6 од 10, и тоа вака одговориле 60%.
Дополнително, на способноста за решавање на тестот влијаат и полот и годините. Жените поминуваат подобро од мажите за разлика од околу 4%. Способноста за толкување на боите опаѓа со годините. Врвот е во раните 30-ти години од животот, па така оние на возраст од 31 до 35 години постигнувале 60% точни одговори, додека луѓето над 76 години многу помалку, околу 30-40%.
За да биде уште покомплицирано, по сѐ изгледа и јазикот има улога во моќта за распознавање на нијансите.
„Начинот на којшто зборуваме за боите игра голема улога во начинот на кој ги преципираме“, објаснуваат од „Ленстор“.
„Во англискиот јазик не постоел збор за ‘портокалова’ боја до пред 2 века, односно до пред овошјето по кое го има добиено називот да пристигне во Европа. Пред тоа, бојата била нарекувана ‘жолто-црвена’.“
Од друга страна, во рускиот јазик, на пример, се разликуваат две категории на сина боја.
„Никогаш ништо не е сино во рускиот јазик. Или е темносино (синий) или светлосино (голубой). Повеќе експерименти укажуваат на тоа дека овие зборови имаат влијание врз тоа како ги доживуваме боите.“
Подготвени сте да проверите колку добро можете да разликувате нијанси на бои? Кликнете „Let’s Play“ и не заборавајте да се пофалите со вашиот резултат во коментар. Доколку не ги освоите сите поени, не очајувајте – сепак, помалку од 1% од луѓето кои го направиле тестов имале 10 од 10 точни одговори.
Можете ли да го решите и овој тежок визуелен тест?