Колку добро можете да познаете кога некој ве лаже? Направете го овој тест и откријте дали сте добар жив детектор на лаги

Колку добро можете да познаете кога некој ве лаже? Направете го овој тест и откријте дали сте добар жив детектор на лаги

Секогаш треба да работите на подобрување на вашите комуникациски вештини за да можете подобро да ги одржувате пријателствата. За жал, луѓето можат да ве излажат, а вие воопшто да не го забележите тоа. Со помош на оваа загатка ќе го изострите сетилото за препознавање на лажговци и така ќе знаете дали некој ви ја кажува вистината или не.

Колку добро можете да познаете кога некој ве лаже? Направете го овој тест и откријте дали сте добар жив детектор на лаги

Погледнете ја сликата внимателно. Која од овие жени не ја кажува вистината?

Па, како да одредите која жена лаже? Сетете се дека и говорот на телото е важен аспект од комуникацијата.

Не верувајте во сѐ што ќе ви кажат луѓето. Гледајте да постои синхронизација помеѓу она што го кажуваат и она што го говори нивното тело. Еве неколку совети што ќе ви помогнат да детектирате кога некој не ви ја кажува вистината:

  1. Кога лажат, луѓето обично се чувствуваат нервозно. Па, кога некој покажува немир додека ви зборува, можно е да ве лаже за нешто.
  2. Кога ќе видите некој постојано да чеша одреден дел од своето лице додека ви зборува, или се обидува да се утеши себеси нервозно играјќи си со некој предмет или дел од телото, тоа може да биде индикација дека лаже.
  3. Уште еден начин да откриете дека некој ве лаже е кога личноста премногу се обидува да избегне контакт со очи. Исто така, ако има тенденција да ја покрива својата уста, тогаш нешто е сомнително.
  4. На крајот, ако личноста постојано си го прочистува грлото пред да ви одговори на прашање, бидете предупредени дека може да се работи за лажго.

Да се вратиме сега на четирите жени погоре. Која ја избравте?

  • Одговор:

    Првата жена ги има прекрстено рацете, што е знак дека е самоуверена, а тоа пак значи дека нема што да крие.

    Втората жена ги има опфатено рацете зад своето тело, што значи дека е само срамежлива. Ова е невина личност.

    Третата жена има отворена уста со што изразува изненаденост. Таа е вистински шокирана од тоа што ѝ го кажувате.

    Последната жена си го допира лицето со што си се теши и благо избегнува контакт со очите. Ова е жената која има нешто да скрие.

    Колку добро можете да познаете кога некој ве лаже? Направете го овој тест и откријте дали сте добар жив детектор на лаги

Погодивте? И да не бевте во право, не е страшно. Решавајќи вакви загатки си ги изострувате сетилата и си ги подобрувате вашите детективски вештини.

Обидете се да ја решите и оваа загатка што ги збуни сите: Која шолја прва ќе се наполни со кафе?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар