Колку често треба да ги чистите чешелите и четките за коса?
Редовно ја миете косата, но дали го правите истото и со вашите чешели и четки за коса? Во текот на употребата, на нив се насобираат мртви клетки од кожата на темето, но и бактерии кои особено се намножуваат кога ја чешламе косата додека е мокра, после нејзиното миење. Затоа е многу важно редовно да ги миете чешелите и четките за коса, но секако, не толку често како што ја миете косата.
Фризерите советуваат дека треба да ги третирате исто како четките за нанесување шминка.
„Валканите чешели и четки кои се полни со коса се плодно тло за бактериите. Измијте ги добро еднаш месечно со врела вода и сапун или шампон“, вели експертот за коса и сопственик на фризерски салон, Ерол Даглас.
Обрнете внимание и на тоа какви чешели и четки употребувате, бидејќи така не само што ќе го спречите оштетувањето на косата, туку и дополнително ќе ја негувате. За расчешлување на мократа коса најдобри се чешелите со широки запци, додека квалитетната четка за стилизирање ќе ви помогне појавата на непривлечни, испукани врвови да ја сведете на минимум.