Која е тајната на успешниот брак? Прочитајте го одговорот на една мајка кој стана вирален хит

Која е тајната на успешниот брак? Прочитајте го одговорот на една мајка кој стана вирален хит

Сите луѓе кои се во брак или љубовна врска сакаат да знаат како да ја одржат страста и добриот однос со партнерот. Ники Пенигтон поминала 13 години со нејзиниот сопруг и луѓето без престан ја прашувале која е тајната на нивниот успешен брак. Таа го објавила нејзиниот одговор на Фејсбук и тој набрзо бил споделен повеќе од 130.000 пати. Во продолжение прочитајте ја нејзината генијална објава…

Која е тајната на успешниот брак? Прочитајте го одговорот на една мајка кој стана вирален хит

Обично се насмевнувам кога ќе ми го постават ова прашање. Ги знам типичните одговори на паровите кои ги следат правилата како што се „Немојте да си легнувате лути“ или „Секогаш кажувајте му на вашиот партнер дека го сакате пред да одите на работа“.

Знаете ли колку пати во 11 години мојот сопруг преспал на каучот пред да имаме деца затоа што сме биле лути? Знаете ли колку пати излегол од дома без да ми каже „Те сакам“? Неговиот начин на изјавување љубов е таков што понекогаш не ме буди наутро кога оди на работа. Ги знаеме сите наши тајни. Тајна на долготрајниот брак е тоа да нема никакви тајни. Стануваш и се обидуваш одново и одново и така секој ден.

Станува збор за снаоѓање додека сте млади и живеете на замрзната храна, бидејќи тоа е сѐ што можете да си дозволите. Тоа е кога останувате будни цела ноќ во солзи со вашето штотуку родено дете, бидејќи и двајцата сте уморни и преплашени, но најважно е што сте заедно. Тоа е кога броите пари за да можете да изградите живот за вашето идно семејство.

Станува збор за сознанието дека ништо нема да биде совршено и дека вашиот брак нема да биде најдобар и совршен, бидејќи тоа не е вистински живот. Се работи за препреките што ви ги поставува животот, но најважно е дека кога ќе се погледнете, знаете дека не сте сами. Знаете дека вашиот најдобар пријател е покрај вас. Станува збор за сознанието дека никогаш нема да бидете сосема подготвени за товарот што ќе мора да го носите за вашиот партнер кога ќе му треба оддишка.

Само пробувајте секој ден и никогаш немојте да престанете. Нема да успеете токму поради престанувањето, а тоа не е никаква тајна.

Прочитајте го и прекрасниот одговор на еден сопруг на прашањето: „Зарем не ти пречи нередот во домот?“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар