Која е симболиката на храната што се поставува на бадниковата трпеза?

Која е симболиката на храната што се поставува на бадниковата трпеза?

На Бадник се одржува традиционалната бадникова вечера за која се собираат сите членови на семејството. Но дали знаете зошто се јаде одредена храна и што претставува таа? А што е пак она што не смеете да го изоставите од бадниковата трпеза? Дознајте во продолжение.

koja-e-simbolikata-na-hranata-na-badnikovata-vechera-kafepauza.mk

Бадниковата вечер има неколку основни карактеристики. Мораат да бидат собрани сите членови на семејството и постои храна која треба и која не смее да се јаде. Од јадење најчесто се подготвува грав, кисела зелка, пита и риба. Многу често и печената тиква е неизоставен дел од трпезата која се јаде за децата да немале красти.

За бадниковата вечер не треба да изостане ни медот што се јаде со ореви, а после Бадник се чува како лек.

Постои традиција каде што пред почетокот на вечерата домаќинот зема сито со ореви и одбира 4, а потоа фрла по еден орев во секој крај од собата. Овој обичај потекнува од древните народни верувања. Наводно оревот е храна за лошите сили и енергии, па неговото фрлање е како мамка која ќе ги растрга овие лоши влијанија.

Според верувањето од индогерманските народи, гравот пак е омилена храна на душите на покојните. На овој начин за време на бадниковата вечера се воспоставува симболична врска со нашите предци, кои пак преку храната ни даваат сила.

Слична улога има и медот, додека значењето на рибата е ритуално и не е целосно познато. Во средниот век се врзувало со симболот за Исус.

На бадниковата вечер не е само храната со симболична улога, туку и пијалаците. Според еден обичај не смее да се пие ракија или вино, односно садот не смее да остане празен. Знаеме дека виното е симбол за крв, па јасно е зошто виното не треба да се испие или да се фрли.

За време на јадењето не станува никој и се чека да завршат сите. Кога сите ќе завршат со јадење може да се стане од масата. Многу е важно во овој период семејството да биде заедно и да биде сложно. На овој начин бадниковата вечер е како помен за нашите предци на кои им должиме многу, но истовремено нè потсетува и колку е важно семејството и мирот во него.

Погледнете ги и овие стари и народни верувања за Бадник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар