Која е разликата помеѓу жените кои преферираат големи чанти и оние кои одбираат мали?
Станува збор за стара дебата, но сè уште не знаеме која жена ја има решено. Дали е таа која се чувствува гола доколку не носи со себе чанта која е со големина на мало дете? Или пак, онаа која лесно чекори низ животот, носејќи со себе само еден пердув? Погледнете која е разликата помеѓу жените кои одбираат големи и оние кои одбираат мали чанти…
Жени кои одбираат мали чанти: Вие сте капетан на вашиот брод
Големи се шансите дека вие сте претерано педантна личност. Студиите ни покажуваат дека оние кои живеат во уреден простор се исхрануваат поздраво и се многу подарежливи. Вашите начини на справување со стресот се продуктивни, не деструктивни. Наместо да го „нападнете“ фрижидерот или вашите резерви вино, вие ја насочувате вашата енергија кон чистење или вежбање. Сакате да имате контрола над својот живот и знаете дека нема да го постигнете тоа доколку се однесувате лошо. Исто како Марта Стјуарт, така и вие сметате дека животот е премногу комплициран за да не бидете педантни.
Изгледа носењето мала чанта значи и дека можете послободно да се движите низ просторот. Благодарение на неа, двете страни од вашиот мозок се синхронизирани, а на тој начин и се чувствувате порелаксирано. Исто така има големи шанси и дека сте повеќе свесни за своите емоции во однос на оние кои преферираат големи чанти. Одржувањето мал простор значи и секојдневно издвојување на оние нешта кои навистина ви се потребни во текот на денот. Вие повеќе се слушате самите себеси и обрнувате многу внимание на вашата околина.
Жени кои одбираат големи чанти: Вие создавате храбар нов пат
Големите чанти собираат голем број глупости кои создаваат хаос во вашата чанта, но исто така и ви овозможуваат да имате при рака сè што некогаш би можело да ви помогне. Без разлика за што станува збор, вие сте однапред подготвени. Вие размислувате слободно и креативно, како Индијана Џоунс, но со стилски моден додаток.
Љубителите на големи чанти можеби не се толку уредни, но тоа не значи дека не живеат добар живот. Вистината е дека вие едноставно сметате дека другите нешта ви се поважни отколку средувањето. Вие сте константно вчудовидени и вниманието ви е одвлечено од чудата на животот, па токму затоа и имате тенденција да ја заборавите нечистата облека од теретана која месец дена се криела под старото списание кое го носите во вашата чанта. Вие знаете кои ви се приоритетите и едноставно знаете дека придобивките од средувањето и носењето само основни нешта не вредат за времето и трудот кои се бараат од вас. На крајот од краиштата, вие сте зафатени со љубење и живеење.
Жени кои прават комбинација од мали и големи чанти: Вие сте ја откриле тајната на животот
Овие жени имаат огромна торба за деновите кои им траат по 15 часа, кога имаат потреба да бидат подготвени да освојат сè што ќе им се најде на патот. Оваа чанта им е натрупана и хаотична, но не и нечиста бидејќи остатоците од храна си го наоѓаат својот пат до кантата за ѓубре. Од друга страна пак, овие хибридни жени имаат и мали чантички кои ги носат за време на мрзливите викенд прошетки во парк, јадењето во ресторан или излегувањата со пријателките во клуб. Тие можеби ги носат само основните нешта со нив, но знаат дека нивната самодоверба ќе ја извлечат од каква било потенцијално непријатна ситуација.