Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

Астрономите од крајот на 19 век се сомневале во постоењето на вулканот Олимп на Марс иако немале софистицирана технологија како, на пример, вселенски сонди, за да ги потврдат претпоставките.

Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

Монт Еверест се издига на височина од 8848 метри и претставува највисоката планина на Земјата. Но, таа не е и највисоката планина во Сончевиот Систем. Оваа титула му припаѓа на вулканот Олимп (латински: Olympus Mons).

Се работи за штитест вулкан во регионот Тарсис на Марс, чие име преведено од латински значи „планина Олимп“. Според податоците на вселенската агенција НАСА, вулканот има дијаметар од дури 624 километри што го прави најголемиот вулкан во Сончевиот Систем.

Во центарот на вулканот се наоѓа калдера (пропаднат кратер) длабок околу 3 километри. Причината за големината на вулканот најверојатно се должи на силната вулканска активност на Марс, различниот тектонски состав и помалата гравитациска сила од онаа на Земјата.

Црвената планета се карактеризира и со други вулкани како Arsia Mons, Pavonis Mons и Ascreaus Mons кои се помали од Олимп, но сепак подеднакво грандиозни.

Научниците откриле дека некои делови на вулканот Олимп датираат од пред 2 милиони години, а некои, пак, дури од пред 115 милиони години.

Откако прочитавте за највисоката планина во Сончевиот Систем, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар