Која е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите?

Која е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите?

Сигурно сте слушнале за александриската библиотека, најголемата библиотека од античките времиња, лоцирана во египетскиот град Александрија. Меѓу најстарите библиотеки во светот се вбројува и библиотеката на Ашурбанипал од VII век која се наоѓала на територијата на денешен Ирак. Но, која е библиотеката што го носи епитетот „најстара“, а која работи и денес?

Која е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите?

Според историчарите, библиотеката Ал-Каравијин е најстарата библиотека во светот која сè уште е во употреба. Библиотеката се одликува со историја долга 1.163 години и се наоѓа во мароканскиот град Фес.

Основана е во 859 година како дел од универзитетот кој исто така е еден од најстарите универзитети во светот. Библиотеката и универзитетот се основани од страна на Фатима ал-Фихри, ќерка на богат трговец од Тунис во период кој е познат како „златната доба на исламот“. Самата Фатима студирала овде, а нејзината оригинална диплома е дел од архивата на универзитетот.

Која е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите?

Во последните неколку децении голем дел од библиотеката бил затворен за јавноста поради големи оштетувања, па така само вработените и студентите на универзитетот имале пристап до неа.

Која е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите?

Сепак, во 2017 година по неколку години реставрација, библиотеката одново ги отвори вратите за посетителите.

Денес, како и во минатото, нејзините ходници се покриени со ориентални теписи, мозаици и калиграфија, а дворовите се украсени со мали фонтани. Во библиотеката се чуваат околу 4.000 ракописи, а тука се наоѓаат и изданија на Куранот од 9 век како и записи на северноафрикански историчари од 14 век.

Откако прочитавте за најстарата библиотека која работи и денес, можеби ќе сакате да прочитате и за магичната кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар